Какво време не очекува утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која повеќе ќе биде застапена во западните делови од земјава. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне со појава на утринска магла.

Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.

Од недела попладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со повремен локален снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено наместа ќе има и со умерен интензитет.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега