Јаким Неделков од СОНК ја губи поддршката од базата

Јаким Неделков претседателот на СОНК се се повеќе ја губи поддршката од членовите на СОНК, бидејќи вчера членовите на синдикатот ги нарече обични читачи кои ќе одговараат за клевета само затоа што му се спротивставија јавно. Оваа негова дрска и недолична изјава од вчера,  денес предизвика уште поголем револт на членството на СОНК и се поголемо спротивставување на неговото самоволие.

Неделков во вчерашната изјава за вестите на телевизија Телма ги нападна и ги навреди членовите на неговиот синдикат кои јавно искажаа несогласување со него.

Со оваа изјава Неделков покажа дека не го почитува туѓото мислење и се обидува неговиот став за штрајк, на сила да го наметне врз целото членство на СОНК. Оваа одлука според членовите на СОНК е донесена во тесен круг на луѓе од раководството на синдикатот и за тоа не биле консултирани ниту членовите, ниту регионалните ограноци на СОНК. Тие посочија дека овој чекор Јаким Неделков и неговите најблиски соработници го превземаат од лични причини во пресрет на изборите за ново раководство на синдикатот најавени за оваа есен.

Соочен со фактот дека ја губи поддршката од базата, Јаким Неделков се почесто и понервозно ги напаѓа своите членови и јавно ги навредува.

Членовите на СОНК кои вчера јавно му се спротивставија на раководтсвото на синдикатот, Јаким Неделков ги нарече читачи на однапред напишани текстови и им се закани со тужби за лаги и лични клевети.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега