Николовски за РСМ: Годинава ќе биде конфузна како минатата, СДСМ нема да се врати во Парламентот

Каква година на политички план не очекува? Новинарот и уредник во Сител ТВ Марјан Николовски не очекува турбуленции на политички план. Во разговорот за „Пулт“ на Радио Слободна Македонија дава оценка дека годината која е пред нас ќе биде конфузна како и претходната.

-Мислам дека 2015-та нема многу да се разликува од 2014-та. Ќе биде конфузна година на политички план. Останува времето да покаже, но не очекувам политичката слика да се промени. Моја проценка е дека СДСМ ќе остане надвор од Парламентот. Не очекувам да ја променат одлуката и да се вратат во институциите на системот. Не очекувам зимските месеци да донесат поголеми турбуленции, вели Николовски за „Пулт“.

Излезот од оваа ситуација со избори има логика само ако се постигне договор. Веќе јавноста не се ни сеќава кои беа условите за разврска, смета Николовски.

Тој очекува еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој се очекува да ја посети земјава уште еднаш, да и потенцира на опозицијата дека бојкотот не е решение.

- Во  дејствувањето на Европската Унија и нејзините политичари две работи се конзистентни- бојкотот за нив не е опција, а втората работа е нивното барање власта да овозможи услови за дијалог. Во таа насока очекувам да биде и пораката од новиот Еврокомесар за проширување кој се очекува да дојде во Скопје, оценува Никловски

 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега