ИВЗ предложи: државата да ги вработи луѓето што ќе се вратат од војните за џихадстите

Планот на Исламската верска заедница за ресоцијализација, кој вчера го презентираа на јавноста и на француската амбасадорка Лоренс Оер, всушност, претставува дополнување на она што се предвидува со измените на Кривичниот законик, според кои одењето во туѓи војни се казнува со затвор, а кои ИВЗ веднаш ги поддржа, изјави поглаварот на ИВЗ,  Рејс Ул Улема Сулејман хаџи ефенди Реџеп.

Како што изјави во интервју за Радио Слободна Европа, тој појаснува дека овој план тие го испратиле до сите државни институции и меѓународни претставници, од кои чекаат поддршка. Поконкретно, ИВЗ предлага тие да работат на превенција и одвраќање на македонските граѓани од учество во воени конфликти, ресоцијализација на семејствата чии деца се заминати и промоција на исламот како миротворна религија. Оние, пак, кои веќе биле во туѓа војна, според Реџепи, треба да одговараат според законот, но со нив мора и да се работи оти тие, како што додава, се трауматизирани.

Реџепи предлага државата да им обезбеди финансиска помош и вработувања.

- Во сите европски земји ние имаме наши поставени имами. Тие не работат само со луѓето во џамиите, во центрите, тие работат и во затворите, што значи ние сме подготвени со таа наша програма да дејствуваме со една благородна цел, со надеж нешто да направиме на тој план, вели поглаварот на ИВЗ Реџепи.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега