Новинарите ја бојкотираат Аделина Тахири - еве зошто

Аделина Тахири пред пријателите и претставниците на седмата сила ќе го промовира новиот материјал на кој веќе подолго време активно работеше, но и заедно со целиот тим на OnAir.FM Macedonia и мобилниот оператор „ONE“ ќе подготви големи изненадувања за присутните – ова е поканата што пристигна од пејачката Аделина Тахири, пишува Република.

Иако на поканата беше нагласено дека промоцијата е закажана за 11 часот, по пристигнувањето во хотелот, вработените ги известија новинарите дека промоцијата на новиот албум е закажана за 11:30 минути, но од пејачката немало трага ни глас до 11:40. По ова претставниците на седмата сила се договорија да ја бојкотираат промоцијата и да го напуштат хотелот.

-Треба да се научат таканаречените ѕвезди дека треба да не почитуваат и нас и нашето време. Речиси нема промоција која започнала навреме или со некое разумно доцнење од петнаесетина минути. Со ова сакаме да им дадеме на знаење на јавните личности дека има ред на нештата и дека треба да го почитуваат и нашето време. Па нека оценат сами дали им се потребни новинарите или можат и без нив – велат претставниците на седмата сила кои беа присутни во хотелот кадешто беше најавена промоцијата, пренесува Република.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега