Гевгелија: Ќе го убиел полицаецот за да не му напише казна

Вчера вечерта околу 23:30 часот, 27 годишен гевгеличанец се обидел да прегази полициски службеник.

Од МВР информираат дека додека полциски службеник вршел редовна контрола на автомобил „БМВ“ управуван од гевгеличанецот А.Ш., возачот се збеснал, го стартувал возилото и се обидел да го прегази полицаецот.

За среќа полицаецот успеал да го избегне ударот и испукал три куршуми во воздух како предупредување.  А.Ш. најверојатно се исплашил и го запрел возилото.

Момчето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

најчитано сега