Во Прилеп доставени 19 пријави за штети од поплавата

До општинската комисија за процена на штети во Прилеп пристигнале 19 барања за процена на штетите.

Според претседателот на комисијата Александар Неделкоски, се пријавуваат оштетени куќи, помошни простории и угината живина.

- Досега се поднесени 19 барања за штети од поплавите. Претежно се од населените места Клепач, Ново Лагово и Ерековци, а се очекува и од другите места. Најголем дел од пријавите се за станбени објекти, поплавени подруми, оштетени куќи и загината живина. Пријавувањето е до 13 февруари, а надворешните комисии веднаш ќе вршат процена на теренот, изјави Неделкоски.

Единаесет пријави за штети за добивање еднократна помош биле доставени во Центарот за социјални работи, информира директорката на Центарот Снежана Јованоска.

- Пристигнаа пријави од градот, но најмногу од населените места Клепач, Тополчани, Ново Лагово кои беа најзагрозени. Во соработка сме со институциите и ги информираме сите да поднесуваат барања. Центарот ќе изврши увид, ќе постапуваме итно и сите што ги исполнуваат условите ќе добијат еднократна помош во максимален износ од 30.000 денари, во зависност од претрпената штета, рече Јованоска. 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 14:14
Фото: 
фактор

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега