Ќе се обнови Трескавец - првиот тендер ќе се распише во март

Проектот за обновата на конаците на манастирот Трескавец, кои до темел изгореа точно пред две години, се работи во фази и прво ќе биде завршен делот за западниот и северниот конак, а потоа за источниот конак и параклисот, рече Гордана Данилоска Спироска, директорката на прилепскиот „Завод и музеј“ на денешната прес-конференција на која информираше за проектите што ќе ги работат годинава.

Според плановите, додаде, конаците треба да бидат готови до 2018 година, а нивната изградба планирано е да чини 192 милиона денари.

- До 10 февруари треба да го испратиме основниот проект за западниот и северниот конак во Националниот конзерваторски центар во Скопје кој сега е во Музејот на доработка и во март да биде распишан тенедерот за изведувач. Потоа до 30 март ќе треба да биде готов основниот проект за источниот конак и параклисот и во мај за нив да биде распишан тендерот за изведувач, изјави Данилоска Спироска.

Таа посочи дека во текот на летото се очекува да заврши тендерската постапка за западниот и северниот конак и да започнат работите во Трескавец.

- Се надеваме дека до крајот на годинава ќе почна и активностите за изградбата на источниот конак и параклисот. Во меѓувреме ќе се работи на проектите за црквата, трпезаријата, магерницата и магерничкиот конак, нагласи Данилоска Спироска.

Информира дека лестоска беа заокружени археолошките истражувања на Трескавец кои го потврдија како повеќеслоен споменик на културата од исклучително значење.

Годинава, додаде, Министерството за култура прифати 24 проекти на Музејот, од кои 14 се од заштитата,а три од музејската дејност.

- Еден од најзначајните и најобемните проекти е конзервацијата на споменикот „Илинден“ во Крушево, а треба да заврши и изградбата на источниот конак на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош што е трета, завршна фаза. Ќе се вршат и археолошки истражувања во античкиот лојкалитет „Стибера“ и на праисторискиот локалитет „Таламбаси“ во Манастир, Мариовско, каде ќе се покрива црквата „Свети Никола“, истакна Данилоска Спироска.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 15:04
Фото: 
миа

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега