Сочуство од Иванов по смртта на поранешниот германски претседател Рихард фон Вајцекер

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод смртта на поранешниот претседател на Сојузна Република Германија, Рихард фон Вајцекер, испрати писмо со сочуство до германскиот претседател Јоахим Гаук.

- Во овој тажен миг за Вас и за германскиот народ, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име Ви упатам изрази на искрено сочувство. Сакам да Ве уверам, почитуван Претседателе, дека како и германските граѓани, и ние во Република Македонија на него ќе се сеќаваме како голем и храбар државник. Како што може да се заклучи од неговите зборови „Секој оној кој ги затвора очите пред минатото е слеп во сегашноста“, тој беше човек со голема мудрост кој несомнено имал и ќе има посебно место во историјата на демократската борба на светот, се вели во писмото со сочуство. 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега