ВИДЕО: Силувачи и убијци поставија светски рекорд во аеробик - погледнете го нивниот настап

Убијци, силувачи и крадци кои отслужуваат казна во затворот Луриганчо во Перу се здружија и соборија светски рекорд.

Минимум 1.200 затвореници учествуваа во танцувачка точка во дворот на затворот и се запишаа во Гинисовата книга на рекорди. По тримесечна подготовка, затворениците облекле униформи во разни бои и извеле аеробик вежби. 

Овие инвентивни затвореници поставија нов рекорд за најголем број на затвореници кои вежбале во исто време. Тие играле на дрвени платформи во ритамот на хип-хоп, реге и рок. Нивен тренер бил Роџер Ромеро.

Затворот Луриганчо во Перу има капацитет за 2.500 затвореници, но, дури 7.000 осуденици отслужуваат казна во него. 

најчитано сега