УМС на ВМРО-ДПМНЕ во хуманитарна акција за поплавените региони

Од денес па наредниве неколку дена во сите градови низ Република Македонија, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира штандови на плоштадите низ градовите за собирање на потребни средства за поплавените региони.

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ велат дека активно наредниот период ќе бидат вклучени во собирање на сите потребни средства за сите загрозени места, но и за потребна помош за справување со штетите во поплавените региони.

Според надлежните институции и Црвениот крст на Македонија на настраданато население од поплавите најмногу се потребни од вода за пиење, средства за хигиена и средства за дизинфекција.

Од Унијата на млади сили упатуваат апел до сите хумани граѓани да донираат на шатандовите кој ќе бидат поставени во сите општини и на сите отворени пунктови.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега