ФОТО: Пресечен регионалниот патен правец Битола – Новаци - се очекува намалување на нивото на водата

Со цел да се ослободи водата од реката Црна и да се избегне големата опасност од поплавување на селата во општина Новаци е ископан канал на регионалниот пат Битола-Новаци.

12-500

 

Со испуштање на водата ќе се избегне опасноста да влезе во куќите и да предизвика голема материјална штета.

13-500

 

На местото каде што е пресечен регионалниот патен правец Битола - Новаци и кој воедно служи за превоз на работниците во комбинатот е поставен времен подвижен премин исклучиво наменет за пешаци. Преку него ќе се врши преземање на работниците од едната до другата страна и обратно.

14-500

Одлуката за сечење на регионалниот пат до РЕК Битола беше донесена по денешниот состанок на регионалниот кризен штаб. 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега