Голем одрон на патот Близанско - Козјак

Поради голем одрон на патниот правец Македонски Брод - Скопје вечерва е воведена забрана за сообраќај на секаков вид моторни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија. 

Големиот одрон се случил на потегот Близанско-Козјак на 1,6 километри после браната, поради што во 17:45 часот е воведена забраната за сообраќај. 

Прекин во сообраќајот има на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија поради излевање на реката Вардар на коловозот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.

На патниот правец Демир Капија – Корешница е воведена забрана за сообраќај на лесни возила поради излевање на реката Вардар на коловозот.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно е затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш.

Сообрачајот на локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, е во прекин и се одвива преку село Подареш-Радовиш.

Регионалниот патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – село Брезница - Кула - Коломонт - Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт - Близанско. 

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег, соопшти АМСМ

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега