Што имало во лаптопот кој се обидел да го уништи синот на Верушевски?

Денеска во 13 часот во Јавното обвинителство на распит беше однесен екс-директорот на ДБК, Зоран Верушевски, кој во моментов се наоѓа во притвор во истражниот затвор во Шутка.

Во моментов нема информации до каде е распитот, како и постапката за случајот „Пуч“, но Министерството за внатрешни работи постапува по закон по секое барање кое ќе го добие бидејќи се работи за проритетен предмет.

Според неофицијалните информации кои денеска ги објави ТВ Сител, дента пред да биде уапсен Верушевски, неговата сопруга издала му издала наредба на синот во Струга да го уништи компјутерот бидејќи во него имало инкриминирачки материјали. Синот на Верушевски поради непознавање на работата на технологијата, компјутерот го искршил со секира, но не го уништил хард дискот кој потоа при претресот е запленет. Покрај снимките внатре биле откриени и голем број на документи од државните институции меѓу кои и од агенцијата за разузнавање.

Во домашниот лап топ на прво осомничениот се криеле целосни анализи на предмети поткрепени со нелегално прибавени аудио записи, начин на работа кој бил спротивен од постапувањето на домашните служби.

Во компјутерот се пронајдени документи како црвсти докази за соработката меѓу Верушевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Дента кога бил уапсен Верушевски била планирана средба меѓу Заев и екс- директорот на ДБК во Струмица, но поради апсењето оваа средба била одложена. Соработник на Заев, Верушевски требал да го чека на влезот на Струмица.

По апсењето, полицијата трагаше по сопругата на Верушевски, Соња, која во саботата беше пронајдена во станот на треоосомничениот Благоја Палифров. Од нејзиното работно место бил запленет нејзинот службен компјутер.

Повеќе детали се најавени за подоцна.

Во текот на денешниот ден на распит во Обинителство ќе биде само Верушевски, а на распитот присутни се и бранителите на останатите тројца осомничени.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега