Награда за македонски готвачи на Интарнационалниот Инстанбулски гастрономски фестивал

 
Готвачи од   „Романтик Хотели“  ДООЕЛ Велес  освоија два  пехара на 13. Интарнационален Инстанбулски гастрономски фестивал 2015, во организација на  Турската асоцијација на готвачи-TASFED.
 
Како што информира за медиумите Славче Ефтовски управител на „Романтик Хотели“ тие на фестивалот учествувале во две категории и во двете се закитија со пехари, со што, вели, на вистински начин ја презентираа Македонија.
 
- Во категорија Тимско практично натпреварување тимот на „Романтик Хотели“ во состав Руска Ајтова, Горан Митев и Евгенија Јошевска, приготви мени од ладно предјадење, главно јадење, десерт, во конкуренција од 22 тима го освои престижното прво место и го доби  пехарот за најдобар тим во таа категорија. Во категоријата паста, Евгенија Јошевска приготви домашни равиоли и во конкуренција од 24 натпреварувачи го освои 3. место и бронзен медал, потенцира Ефтовски.
 
На 13. Интарнационалниот Инстанбулски гастрономски фестивал што се одржа од 28 до 31 јануари, годинава, учествуваа екипи на готвачи од  31 земја од светот, меѓу кои и екипата готвачи од  „Романтик Хотели“ како претставници на Македонија.
 
На гастрономската манигестација која се одвиваше во преку 20 категории, се натпреваруваа околу 2.000  готвачи од 31 земја во светот.
 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега