СКАНДАЛ: Зошто обвинителството не подигнува тужба против Милан Калиниќ?

Поминаа веќе шест дена откако водителот Милан Калиниќ  предизвика сообраќајка во која тешко се повредени три лица, а Јавното обвинителство се уште не подигнува обвинение против него.

Причината е крајно бизарна и банална! Единствениот тужител на Јавното обвинителство во Брус, каде се случи несреќата е веќе со денови на боледување. Неговиот заменик отишол во пензија на крајот на минатата година и затоа пријавата против Милан стои веќе шест дена без да се подигне обвинение.

Никој до сега не добил наредба од Повисокото обвинителство во Крушевац привремено да го преземат случајот на Калиниќ до враќањето на обвинителот. Инаку како што се пишуваше по медиумите Милан Калиниќ би требало да биде казнет со осум години казна затвор 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега