Приказните дека сум геј се болни - Жељко Јоксимовиќ прв пат проговори за трачевите

Балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во интервју за еден српски магазин прв пат отворено зборува за српската традиција и иднината, музиката и културата, естрадата, војната, политиката и изборите, Сараево и Белград, за сопругата Јована и нејзиниот дуел со премиерот Вучиќ, Евровизија и трачевите дека е хомосексуалец…

Популарниот пејач за прв пат зборуваше за трачевите дека е геј, а дека неговиот брак со Јована е договорен брак.

- Тоа е толку болно, што незнам што да кажам. Ние имаме наш живот, имаме дете, пријатели, семејство, работиме и се трудиме да бидеме добри. Нон стоп сме сконцентрирани еден на друг. Па барем нас двајца можете да не видите секогаш и секаде заедно. Овде е „педер“ секој кој се депилира. До 2004 година отвораа прозорец од автомобил и ќе викнеа „педеру“. Сега кога ќе ме сретнат ми викаат „крал“, „легенда“ „каква ти е оваа песна“. Изгледа сега веќе не сум? Огромна одговорност имаат медиумите бидејќи тие ја креираат сликата за секој за кого се пишува. Па и за сите нас кои се занимаваме со јавна работа. За мене викаат дека сум се шминкал. А јас кажувам дека кој и да влегол во ТВ студио или снима спот знае дека мора да влезе прво на шминкање, а потоа влегува во студио. Тоа нема врска со мозокот. Но приказните дојдоа до таму што на почетокот на врската, кога седев со Јована на ручек, таа рече: „Извини мора да те допрам“ Јас ја прашав: „Што?“ Рече: „Не си нашминкан, а кожата ти е таква што изгледа како да си.“ Овде три пати изговорена лага стана вистина и за тоа никој не одговара. Мораш да почувствуваш кога е момент да му покажеш на некој заби. Не сме во Шведска. Замисли како мојата ќерка порасна и што се читала во весниците. Дека нејзиниот татко е педер, дека се шминка. Како и било кога одела на училиште? Дали некој размислувал за тоа?, се запрашал Јоксимовиќ.

 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега