Австралиец го плати најскапиот чизбургер

Австралиски возач го платил најскапиот сендвич во Мелбурн, откако полицијата го застанала поради пребрзо возење додека одел во една сендвичарница да купи три чизбургери.

Полицијата на австралиската сојузна држава Викторија соопшти дека тој возел со брзина од 186 километри на час на автопат каде ограничувањето е 100 километри на час.

Кога тој со голема брзина минал крај полициската патрола, полицајците прво помислиле дека станува збор за авион во низок лет.

Покрај за брзо возење, 28-годишниот возач е казнет и за управување возило без возачка дозвола, која претходно му била одземена, а во следните месеци ќе му биде конфискуван и автомобилот.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега