Жените во бојкот на филмот “50 нијанси сиво“

Жените во вистинскиот живот не завршуваат како Анастасиа, тие начесто завршуваат во некое прибежиште за жени, се во бегство или завршуваат мртви.

Обединети зад слоганот/хаштагот #50dollarsnot50shades (50 долари не 50 нијанси), неколку американски асоцијации за борбата против насилството во семејството и антипомогравски здруженија, денеска повикаа на бојкот на филмот „50 нијанси сиво“.

Овие организации сметаат дека филмот, кој ќе ја има премиера за Денот на вљубените, го идеализира насилниот садомазохистички однос помеѓу богатиот и доминантен Кристијан Греј и наивната студентка Анастасиа Стил.

Тие посебно го истакнуваат насилството кое се крие во дијалозите и ги обвинуваат продуцентите за лажно претставување на филмот како љубовна приказна.

-Тоа е лага. Филмот говори за злоставување, насилство и ги потготвува младите жени на садистички однос, стои во заедничкото соопштение на овие организации.

Феминистрите преку Фејсбук ја повикаа јавноста да донира по 50 длари за некоја хуманитарна организација која им помага на жените кои се жртви на злоставување, како оние чија судбина во филмот е претставена како нешто гламурозно. Тие пари, сметаат треба да се потрошат на нешто од што ќе се има корист наместо за картите за филмот.

-Жените во вистинскиот живот не завршуваат како Анастасиа, тие начесто завршуваат во некое прибежиште за жени, се во бегство или завршуваат мртви, се напоменува во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега