Фолкерката Ивана е вистински кошмар за соседите?

Пејачката прави премногу врева, па им предизвикува главоболки на соседите.

Ивана Селаков сака да се отсели од станот во кој живее веќе четири години. Покрај останатото, здодеано и било и од соседите. Пејачката во својот стан пеела придружни вокали, а бидејќи изолацијата во станот не била добра соседите често се карале со неа, па дури ја пријавувале и во полиција поради вревата.

Навистина сакам да се преселам и работам на тоа. Првиот свој стан го купив пред четири години, но сега сакам да купам уште еден во друг дел од градот. Многу работи ми пречат во просторот каде што живеам моментално.

Човек треба да напредува во секој сегмент, па овој стан ја заврши својата функција. Би сакала да купам поголем. Со становите ќе биде исто како и со автомобилите, започнав со југо, па отидов на подобро.

Во новиот стан би сакала да направам студио. Имам и сега, но не е доволно големо и изолирано, па соседите знаат да се жалат на мене, изјави Ивана.

Извор: Vistina.mk

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега