Груевски: Важен е реалниот живот, ние работиме за граѓаните

Провокации ќе има многу. Некој сака сценарио кое ќе финишира со насилство и сериозна криза. Ние тоа нема да го дозволиме, подвлече премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција во Владата на РМ.

-Мојата порака до работниците, земјоделците, пензионерите, студентите, бизнисмените, професорите, лекарите, до оние кои се невработени, до оние кои ги тиштат истите секојдневни проблеми и кои бараат решенија на тие проблеми, мојата порака до сите граѓани е, важен е реалниот живот, реалните проекти, реалните потреби на сите вас, и кој може да одговори на тие потреби, кој може да ви понуди решенија за проблемите и нови можности, кој може да обезбеди нови работни места, нови патишта, нови училишта, болници и слично, рече премиерот Груевски.

Ние работиме за граѓаните, рече Груевски и додаде: Деструкцијата и валканата кампања нека ја тераат тие и нека тонат во својата безидејност.

-Да не им дозволиме нарачателите на ова да успеат во своите намери. Да останеме спокојни, трезвени во одлуките, и да не наседнуваме во провокации. Ова ќе помине. Побрзо отколку што многумина мислат. Нас не чека многу работа. Имаме многу проекти пред нас, има и над 25 компании кои донесоа или се пред носење одлука за инвестирање, на чие убедување сме потрошиле многу многу време, сите ние, за да отворат можности тука, за да помогнат и да вработат наши сограѓани. Еве вчера потпишавме со компанијата која во Прилеп ќе отвори 2000 нови работни места. Тоа е реалниот живот. Тоа сме ние. Ние не сме тоа што сакаат да не прикажат, истакна Груевски.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега