Единаесет години од падот на претседателскиот Кингер

Во Македонија и во Босна и Херцеговина денеска ќе бидат одбележани 11 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.
 
Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат повеќе делегации и граѓани. Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Цвеќе ќе биде положено и на спомен облежјето во Ротимље во БиХ. Единаесетгодишнината од авионската несреќа ќе биде одбележана и со меморијален натпревар во Мостар на македонски и босански алпинисти.
 
Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.
 
За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаи, на две комисии со кои раководеа Сaлко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти. 
 
И во двата извештаи, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се пилотските грешки и други индиректни системски пропусти.
 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега