ФОТО: Попоски положи цвеќе на гробот на Трајковски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска положи цвеќе на гробот на вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, а заедно со него цвеќиња положија и министрите Зоран Јолевски и Неждет Мустафа.

За потсетување, претседателот Трајковски трагично загина на 26 февруари 2004 година кога авионот во кој патуваше падна во Ротимље, близу Мостар. Во несреќата, покрај  Трајковски, животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега