Дождот направи проблеми - се излеа езерото „Младост“

Дождовите од изминатите денови придонесоа и така високото ниво на вода во велешкото езеро „Младост“ да се прелее преку браната. Надојдените суводолици на Отовичка  и Рудничка Река се причина што езерото го има највисокиот водостој по цели 30 години, информира Бобан Пановски  директорот на ЈВП  ХС Лисиче кое управува со акумулацијата. 
 
Водостојот на езерото „Младост“ денеска е 246,99 сантиметри, а прелевањето е на 247 сантиметри, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
 
Според Пановски, количеството  вода што истекува е далеку од потенцијална опасност по градот Велес, односно по  зголемување на реката Вардар,  каде се влева водата од вештачката акумулација. Прелевањето, вели, може да биде максимум до 100 илјади метри кубни вода за 24 часа.
 
- Браната е во одлична состојба и сеизмичката стабилност според сеизмичките мерења од страна на стручњаци покажаа дека е стабилна и нема опасност од нејзино оштетување поради зголемените количества на вода, изјави Пановски.
 
За еден  месец нивото  на  езерото „Младост“ се зголеми за   еден и пол метар. Проценките се дека има  околу 10 милиони кубни вода на површина од 60 хектари. 
 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега