Мисајловски: Очекувам голема градежна експанзија во сите делови на Македонија

Директорот на ЈП за државни патишта Владо Мисајловски истакна дека овој месец очекува голема градежна експанзија во сите делови на Македонија.

ЈП за државни патишта веќе на терен работи на санација на мостови низ целата држава, а се вложува и во санирање на регионалните патишта и локалните патишта.

Мисајловски истакна дека ќе продолжат и со изградба на клучки кои ќе овозможат побрз и побезбеден транспорт на граѓаните.

За клучката на обиколницата Скопје во месноста Смилковци која денеска започна да се гради, Мисајловски посочи дека е десетта клучка по ред на самата обиколница со целосно ново осветлување, а досега се направени 9 клучки кои се функционални и осветлени

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега