Ачковска: Опозицијата сака да го разедини македонскиот народ (ВИДЕО)

Како Граѓанско здружение за одбрана на Македонија сметаме дека овие бомби не се со цел да се открие нечиј криминал, туку се за цел да се дестабилизира Македонија и да се разедини македонскиот народ, сведоци сме дека секој ден се прави тој раздор,  рече  универзитетската професорка Виолета Ачковска пред денешната трибина на ГДОМ во Гостивар.

Таа рече дека доколку нема снимени материјали за лидерите кои се членови на Владата, на пример ДУИ или пак за опозицијата на Тачи , значи дека во дестабилизацијата на Македонија и во симнувањето на легално избраната влада и Парламент во Македонија се смета на албанскиот фактор и на албанските партии, во таа нивна коалиција веројатно која ја сметаат или ја конструирале.

-Не знаеме какви материјали се снимани, колку од нив се пакувани, колку се монтирани, на кои личности се однесуваат, значи тоа се работело долг период. Ова не е нешто слуичајно кое сега наеднаш како бомба експлодира, туку еден долг период на прислушување, на монтирање материјали , подготвување и тоа не го правел сигурно лидерот на опозицијата, туку се гледа дека го правел еден добар стручен тим кој добро си ја знае работата, а целта е разнебитување на македонскиот народ, негово меѓусебно разединување и нелегално доаѓање на власт на опозицијата, рече Ачковска.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега