Попоски на состанок во Рига

Министерот за надворешна работи на Република Македонија Никола Попоски утре и задутре во Рига ќе учествува  на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.

На неформалниот состанок Попоски ќе учествува на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Летонија Едгарс Ринкевичс (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ).

Тема на состанокот ќе биде Јужното и Источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со најновиот развој на настани во земјите од овој регион.

Како што соопшти МНР, се очекува акцентот да биде ставен на случувањата во Украина, во светлина на постигнатиот нов мировен договор во Минск, како и за состојбите во Сирија и Ирак и борбата на коалицијата предводена од САД против ИСИЛ. 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега