Натрупа снег - во Маврово снежната покривка 123 сантиметри

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег. Попладне врнежите речиси насекаде ќе престанат, меѓутоа во вечерните и ноќните часови повторно ќе ги има и ќе бидат повеќе застапени во југоисточниот дел од земјата. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно време со повремен снег и со умерен северен ветер, а во ноќните часови повторно ќе има услови за слаби врнежи од снег. Дневната температура ќе достигне до 4 степени.

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесуваше 123 сантиметри во Маврови Анови, 58 сантиметри во Пожаране, 40 сантимети во Лазарополе, 27 сантиметри Крушево, 25 сантиметри во Тополчани, 24 сантиметри во Ѓуриште, 21 сантиметар во Крива Паланка, 20 сантиметри во Пожар, 16 сантиметри во Тетово, 15 сантиметри во Битола, 8 сантиметри во Прилеп, 5 сантиметри во Берово.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега