Јанкулоска и Реџепи ќе стават потпис на Спогодбата за преминот „Белановце-Сначиќ“

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Косово, Гордана Јанкулоска и Бајрам Реџепи, денеска ќе ја парафираат меѓувладината Спогодба за отворање на новиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај меѓу двете држави „Белановце-Станчиќ“.

Документот ќе биде парафиран на граничниот премин Глобочица, во близина на Јажинце.