Лајчак: Македонија треба да добие датум за преговори

-Република Македонија треба да добие датум за отворање на претпристапните преговори со Европската унија (ЕУ) на претстојниот самитот што ќе се одржи наредните денови, вели шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак во интервју за сараевскиот весник „Дневен аваз“.

-Мој став е дека Македонија треба да добие покана за отворање на преговорите за пристап со цел да бидеме преокупирани со позитивни работи. Но, сите не го делат моето мислење. Во регионот има држави кои имаат проблеми со Македонија. Не сакам да ги прејудицирам резултатите од нашите разговори во наредните два дена, вели Лајчак за „Дневен аваз“.

Министрите за надворешни работи и европски прашања на земјите од ЕУ денеска во Луксембург ќе одржат состаок на Советот за општи работи (ГАК). Според „Дневен аваз“, што се однесува до Балканот, министрите за надворешни работи на 27-те држави примарно ќе расправаат за Србија и Македонија, а на масата сигурно ќе се најде и бурниот тек и исходот од изборите во Албанија, пишува сараевски „Дневен аваз“.

најчитано сега