Битолчани оддадоа почит на загинатите полицијаци-бранители во Куманово

Група битолчани, вечерва со едноминутно молчење и со кус комеморативен собир оддадоа почит за загинатите полицијаци, бранители, кои викендов ги загубија своите животи во Куманово.

Учесниците на комеморативниот собир што се одржа пред споменикот на бранителите, подигнат во спомен на битолчаните кои ги загубија своите животи за време на конфликтот во 2001 година, порачаа дека храброста и жртвата на бранителите никогаш нема да биде заборавена, но и никогаш да не се повторат трагедии каква што се случи викендов во Куманово.

-Осудуваме секакво насилство, повикуваме на смиреност и изразуваме длабоко жалење кон семејствата чии синови ги дадоа животите во служба на народот на Македонија, порачаа битолчани на вечерашниот комеморативен собир во комплексот Градски часовник, на плоштадот „Магнолија“ во Битола, пренесува МИА.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега