Светски медиуми: „Шарли ебдо“ го нападнале терористи, а Македонија вооружена група

Речиси ниту еден европски и светски медиум, нападот во Куманово не го окарактеризира како терористички напад.

uapseni

Масакрот на новинарите во сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, медиумите го окарактеризираа како терористички напад! На подмолниот напад на албанските терористи, меѓудругото е друг аршин! Речиси ниту еден европски и светски медиум, нападот во Куманово не го окарактеризира како терористички напад.

Во нападот на албанските терористи зивотот го загубија осум македонски полицајци, а уште 37 се повредени. Полицијата ликвидираше 14 терористи.

Американската CNN пренесува дека во Куманово дојде до судир на „полицијата со вооружени напаѓачи“, а слични објави имаа и британските BBC, како и Daily Mail.

На ист начин известуваа и германските медиуми. Конзервативниот весник “Velt” пишува „најнестабилната земја во Европа“ се наоѓа пред нова војна, притоа наведувајќи дека дошло до престрелка меѓу „полицијата и герилски борци на северот во Македонија“, настрадале околу 40 лица, предупредувајќи дека се заканува „конфликт помеѓу Словените и Албанците“ како во 2001 година.

Овој медиум во текстот со наслов „Најнестабилната земја во Европа пред нова војна“ неведува дека и Русија игра една улога во сето ова. Печатот пишува дека „според познавачите на ситуацијата во Приштина“, повеќето Албанци кој македонската полиција ги уапси, во затворот биле „тешко злоставувани и делумно повредени“, исто така наведува дека биле апсени цивили, помеѓу другото и една фамилија со три деца.

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега