ВИДЕО: Беровчани со поддршка- полицијата треба да се почитува, а не да се тепа со шипки

Граѓаните од Берово денеска се собраа во голем број и се заблагодарија за патриотизмот на полицијата, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на државата.

-Полицајците се луѓе кои и ја чуваат и бранат Македонија и македонскиот народ. Токму затоа треба да ги почитуваме, а не да бидат тепани со шипки и со цигли, вели граѓанин кој заедно со голем број беровчани даде поддршка за македонската полиција.

Тие искажаа благодарност за несебичното залагање од страна на безбедносните сили.

Берово беше еден од 23-те градови во Македонија кои ја изразија поддршката и почитта на македонската полиција.

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега