Пратениците работат со полна пареа

Собраниските комисии за труд и социјална политика, за култура, за финансирање и буџет и Законодавно правната денеска ќе одржат седници.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е второто читање на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Македонија, по скратена постапка.

Комисијата за култура организира Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за музеите.

Второто читање од предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа ќе биде пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на Законодавно правната комисија, пак, ќе ги разгледаат предлог законите за изменување и дополнување на законите за Царинската тарифа и за минималната плата во Република Македонија, по скратена, што се во второ читање. 

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега