Каракамишева: Оставките се чин на уставен патриотизам

Полициската акција во Куманово и вчерашните оставки на клучните луѓе во полицијата и во контраразузнавањето се чин на вистински уставен патриотизам, чин на висока политичка одговорност во моменти кога е најпотребно, вели проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска.

-Со овој чин, претседателот на Владата, но и неговите најблиски соработници покажаа дека за нив Уставот не е само обична правна рамка на норми. За нив Уставот е акт кој ги обврзува кон заедничка заложба за изградба на Република Македонија како функционална и демократска држава која имала и ќе има функционални институции каде политичките активности се вршат исклучиво во интерес на нацијата. Акцијата за одбрана на уставниот поредок, на институциите на системот и на граѓаните на земјата, како и демонстрираниот висок степен на политичка одговорност на клучните функционери во Владата на РМ, се насочени кон обезбедување политичка, правна и економска стабилност и просперитет на земјата.Овој чин едновремено е и повик за сенародно обединување против деструктивните и опасни сили кои демнат однадвор, но и одвнатре. Ова е повик за граѓанско обединување поттикнато за постигнување на највисоката цел на секој политичар, и на секој граѓанин-одбрана на татковината, одбрана на националниот интегритет и суверенитет, и одбрана на националната гордост, вели професорката.

Според неа, потегот на претседателот на Владата на РМ,Никола Груевски е потег кој едновремено има за цел засилување на граѓанското чувство за патриотизам во овие сериозни времиња, да го зајакне граѓанското чувство за одбрана на демократскиот легитимитет присутен во сите институции на системот кој единствено извира и се храни од волјата на граѓаните, и да го подигне степенот на граѓанска и политичка лојалност кон сопствената татковина.

Државнички, храбар и паметен чекор, вели таа.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега