Заев под притисок да си оди од лидерското место на СДСМ?

Дури и самиот Заев според нашите информации се колебал за оставка, но единствената причина која го разубедила тоа да не го прави е фактот што знае дека тоа би било дефинитивен крах и признание на целата вина.

По објавувањето на несоборливиот доказ како што се гледа на видео снимката дека лидерот на СДСМ Зоран Заев бара поткуп од 200 илјади евра и е фатен жив, во СДСМ се повеќе расте притисокот Заев да си оди од лидерската функција и да си поднесе оставка од фунцијата градоначалник на Струмица.

Ова е прв ваков темелен случај на градоначалник и политичар да бара мито и за тоа да е фатен на видео снимка. Заев бара по 100 илјади евра за себе при што вика парите да се уплатат кај неговиот брат Вице Заев, а втората половина порачува да се дадат како донација.

Партиски извори велат дека по оваа снимка се повеќе луѓе од СДСМ барале Заев да си замине и да ја напушти лидерската и градоначалничката функција со цел да ја намали политичката штета врз партијата.

Ова било протолкувано како тежок скандал и удар за СДСМ во ситуација кога партијата се наоѓа во тешка и незавидна ситуација. Дискусијата се развила и во штабот на СДСМ каде и најтврдокорните “заевисти“ веќе немале аргументи за одбрана на лидерот.

Истите извори велат дека со тоа сфатиле со каков човек си имаат работа. Дури и самиот Заев според нашите информации се колебал за оставка, но единствената причина која го разубедила тоа да не го прави е фактот што знае дека тоа би било дефинитивен крах и признание на целата вина.

Оние кои го разубедувале и го стимулирале за оставка пред се’ се крилата на СОРОС, кои јасно му ставиле до знаење дека независно од политичките бомби и објавувањето на незаконски прислушкувани материјали ова е ново дело кое не може политички да го амнестира, туку за поткуп кривично се одговара.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега