Груевски, Заев, Ахмети и Тачи на лидерска средба

Лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА денеска во 14 часот и 30 минути ќе одржат лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје.

На средбата, најавено е присуство на амбасадорот на САД Џес Бејли и на шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Како што информираат од Амбасадата на САД и од Мисијата на ЕУ, Бејли и Орав ќе присуствуваат на средбата како набљудувачи.

Средбата е на заедничка иницијатива на четирите најголеми парламентарни партии и со поддршка на меѓународната заедница, со цел да почне дијалог за решавање на политичката криза.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега