Семејството Лузевски во шок: Братот го идентификувал загинатиот скопјанец жената и дечињата биле јагленосани

Шок и тага владее во семејната куќа на семејството Лузевски во селото Скопско Поле, откако завчера, во страотната сообраќајка во кумановско, загинаа нивните најблиски, објавува Дневник.

Роднините и пријателите на четиричленото семејство со неверување ја примиле веста за трагедијата на патот Куманово - Крива  Паланка. Таткото на загинатиот 39 годишен Љупчо Лузевски, за Дневник вели дека попладнето во саботата, семејството тргнало кон Пробиштип, но, не знае зошто тие одлучиле да одат преку Крива Паланка.

- Попладнето заминаа за Пробиштип. Не знам зошто, но решија да одат преку Kрива Паланка. Потоа чувме дека се случила тешка сообраќајка во кој учествувал и автомобил „БМВ“. Не сакав да поверувам дека тоа се моите најмили. Другиот син веднаш замина на местото и остана во шок. Го идентификувал телото на својот брат. Телата на Елена и на внучињата биле јагленосани, раскажал таткото на Љупчо за Дневник.

Во страотната несреќа која се случи во саботата во 16:45 часот, настрадаа возачот Љупчо Лузевски, Елена К., двете малолетни деца Петар Л.(6) и Јована Л.(4), како и Ласте Ј.(50) и неговиот сопатник Владимир Б.(55) двајцата од Куманово.

Инаку, влажниот пат и лошото време се причина за трагедијата која во саботата ја потресе македонската јавност.

 

 

најчитано сега