Конференција на шефовите на военото разузнавање од Западен Балкан

Конференција на шефовите на воено-разузнувачките служби од Западен Балкан до сабота ќе се одржува во Скопје.

На отворањето на конференцијата се обратиле државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.

- Денес Република Македонија како членка на меѓународни организации заедно со другите земји членки на НАТО, особено со соседните држави од регионот активно учествува во градење интегритет во областа на одбраната и безбедноста. Безбедносниот систем мора да се перципира како жив организам кој мора постојано да се адаптира на безбедносното опкружување од таа причина регионалната соработка меѓу службите за воена разузнавање е од огромно значење што ќе овозможи да се подобрат безбедносните системи на земјите од Западен Балкан, се вели во сооопштението од МО.

- Се очекува Конференцијата да даде соодветен придонес во јакнењето на заедничките напори за изградба на заедничките капацитети во справувањето со современите безбедносни предизвици, како и соработката на полето на одбраната и безбедноста во регионот, се наведува во соопштението од МО.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега