ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја киднапира општина Центар за партиски цели

ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува агресијата која токму СДСМ ја прави врз општина Центар и бескрупулозното узурпирање на општинската власт.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на владејачката партија

СДСМ ја киднапира општина Центар и ја користи исклучиво за свои партиски и политички цели. Добро е што застанаа зад Андреј Жерновски, за јавноста да види дека ова беззаконие и расипништво кое се практикува во Центар е заедничко на СДСМ и ЛДП. Од ова се гледа дека нивната основна политичка понуда која ја имаат е личното богатење.

Впрочем општина Центар е најдобар пример за тоа како СДСМ работи. Во само две години општина Центар ја направија синоним на неработење, бадијалџење, немање проекти, непотизам, прескапа шминка за Боемска улица, подигрување со луѓето со праќање па стопирање на булдужери, партизација на администрацијата, нестручност и непрофесионализам.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да не заобиколува и дефокусира со разно-разни измислени теми кои треба да покријат две работи:

Прво, да го отргнат вниманието од вистинските проблеми и афери, и

Второ, да ја покријат неработата на Жерновски и нереализирањето на ветената програма.

Човекот кој денес СДСМ го избрале за прес конференција, Саша Богдановиќ, очигледно е експертот за се во СДСМ. Тој во исто време е претстедател на СДСМ во Центар, но истовремено е и  директор на ЈП Паркинзи на општина Центар кое што треба да ги опслужува сите граѓани. Во исто време Богдановиќ е  дежурен  протестант на СДСМ и насилник по потреба кој руши тараби и се тепа со полицијата. Остатокот од времето Богдановиќ е и новинар во обид, кој очигледно сака да ја забошоти аферата каде хаус мајстор е главен иснпектор во општина Центар. Кадар за пример, експерт и за комунални прашања, но и за нуклеарна физика во СДСМ, а најмногу експерт за партизација на локални јавни институции. Го повикуваме СДСМ почесто ова момче да го пуштаат во јавноста, бидејќи тој е олицетворение на неспособноста и насилството на СДСМ, но и за агресивната партизација и киднапирање на јавните институции. Преку ликот на ова момче јавноста може да ја погледне и да ја сфати логиката на СДСМ.

Богдановиќ денес имаше за задача да ги испере лагите кои токму хаус мајсторот Кочо Стојчевски вчера ги соопшти во јавноста. Освен тоа што Стојчевски рипнал десетина скалила во хирархијата, тој делувал и лажно се преставувал за главен инспектор уште во време кога работел како хаус мајстор. Згора на тоа СДСМ треба да одговори како може со примања на хаус мајстор да се дојде до Ауди А5, какво што вози најбогатиот хаус мајстор Стојчевски, да се има градежна фирма и сопруга член на управен одбор.

Сигурно сето ова Стојчевски не го добил по заслуги, а најмалку по компетенција, туку по партиска директива и наредба. Очигледно хаус мајсторот требало да врши валкани работи, како за Жерновски, така и за СДСМ. Ова е жалната слика и показател за методите на работа на кадрите на СДСМ.

Веќе станува јасно дека Работното лето на Жерновски наместо со работа испадна дека е преполно со скандали и афери кои во низа се редат.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега