Утре ќе гориме - еве колку степени ќе достигнат тепмературите

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а дневната од 34 до 39 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 38 степени. 

Во охридско преспанскиот регион ќе биде сончево со температура до 34 степени, а во Дојран до 38 степени. 

Потоа до петок следува стабилно суво и многу топло време, температурите на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега