Анџела Вештица во врска со оженет политичар

Дваесет и три годишната Анџела Митковски, попозната како Анџела Вештица, позната белградска танчерка и поранешна порно-глумица која наскоро ќе влезе во реалното шоу „Малдиви“, во врска е со политичар од внатрешноста на Србија, кој се наоѓа на висока јаван функција, дознава српски Курир.

За да бидат работите уште полоши, овој политичар е оженет, има дури и внуци, а на својата љубовница, по која целосно ја загубил главата, и изнајмува луксузен стан во Белград и ја носи на патувања.

- Политичарот од Анџела е постар речиси 40 години, меѓутоа, потполно полуде по неа. Иако живее во внатрешноста, каде има сопруга, деца и внуци, тој нон-стоп доаѓа во Белград за да ја види. Луѓето кои го познаваат велат дека никогаш не го виделе волку заљубен, вели изворот на српски Курир.

Редакцијата се обидела да стапи во контакт со Анџела Вештица, но таа не одговорила на повиците и пораките.




 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега