Пратениците со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за здравство, за култура, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на собраниската Комисија за образование, наука и спорт е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спортска академија, по скратена постапка во второ читање. Комисијатата за здравство ќе расправа по Предлог - законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка во второ читање.

Членовите на Комисијата за култура ќе ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност, по скратена постапка во второ читање и Активностите за подготовка на Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2016 година.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа по предлог - законите за изменување и дополнување на законите за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, за производи за заштита на растенијата и за безбедност на храната, трите по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за безбедност и здравје при работа, за минимална плата во Република Македонија, за работните односи, трите по скратена постапка во второ читање, како и предлог-законите за изменување на законите за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, за пензиското и инвалидското осигурување, двата по скратена постапка во второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледуваат предлог - законите за изменување и дополнување на законите за постапување со бесправно изградени објекти, за градење, за превоз во патниот сообраќај, за животната средина, трите по скратена постапка во второ читање.

Комисијата за економски прашања ќе расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на законите за минерални суровини, за трговија, за угостителска дејност, за вршење на занаетчиска дејност, сите по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за филмската дејност, за безбедност на храната, за производи за заштита на растенијата, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, за угостителска дејност, за минерални суровини, за трговија, за вршење на занаетчиска дејност, за здравственото осигурување, за спортска академија, за превоз во патниот сообраќај, за градење, за животната средина, за безбедност и здравје при работа, за работните односи, за минимална плата во Република Македонија, за пензиското и инвалидското осигурување, за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, за постапување со бесправно изградени објекти, сите по скратена постапка во второ читање.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 08:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега