Одлични вести за Филип Божиновски

Филип Божиновски кој ги освои срцата на сите од регионот, ќе ја сними првата песна, по натпреварот на Гранд. Значи, соработката со Гранд продолжува, па затоа Филип ќе биде често на релација Скопје – Белград. Но бидејќи до стартот на ангажманот околу новите работни обврски му останува уште малку, Филип слободното време ќе го искористи за летен одмор.

- По завршувањето на шоуто малку одморам. Во моментов сум во Грција со друштво и со мојата девојка. Штом ќе се вратам во Скопје почнувам со обврските и настапите кои ме очекуваат. Со Гранд продукција потпишав деветгодишен договор и со нив ќе имам соработка, а и се очекува песна кон крајот на август. Покрај српската верзија на песната ќе снимам и македонска”, вели Филип за Вечер.

Тој откри и дека му годи славата.

- “Луѓето ме препознаваат на улица и доаѓаат да се фотографираат со мене, што ми претставува големо задоволство. Прво малку ми беше чудно и ново, но полека се навикнувам на тоа”, додава пејачот.

 

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега