Претреси во гостиварската населба каде загина детенце

Полициска станица Гостивар превзема повеќе мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со трагичниот случај од 27-ми овој месец, кога во гостиварската населба Фазанерија беше застрелано 10-годишно дете, а кое неколку часа подоцна им подлегна на здобиените повреди.

Со наредби на јавниот обвинител и судија во претходна постапка веќе се извршени неколку претреси во оваа населба, повикани се и разговарано е со повеќе лица, подигнат е соодветен материјал за вештачење и се утврдува кој, како и зошто пукал и му нанел смртни повреди на детето.

Овие активности ќе продолжат и наредниве денови, а Секторот за внатрешни работи Тетово, изразувајќи искрено жалење за прерано прекинатиот детски живот, уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање на свадбени и други свечености и од непријавено приредување огномети. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и за овој вид прекршок предвидени се парични глоби од 200 до 500 евра во денарска противвредност.Доколку со пукањето се загрози животот и имот на други граѓани, законот предвидува кривична одговорност и затворски казни од една до пет години.

 

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега