Го фатиле со дрога па ги нападнал - збеснат гостиварчанец фрлал со камења по полицајци

Вчера гостиварчанец нападнал двајца полициски службеници.

Инцидентот се случил во 17 часот и 30 минути на улицата „Никола Парапунов“ во Гостивар додека двајца полицајци сопреле возило марка „Форд“ со гостиварски таблички, со кое управувал 27-годишниот Б.Б. Во возилото како сопатник се наоѓал и 29-годишниот Б.С. При прегледот на возилото полицајците забележале кесички со тревкаста материја и нож оставен до нив. Во еден момент возачот се одалечил од возилото и почнал да ги навредува полицајците, а потоа и да фрла со камења по нив.

Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

најчитано сега