Скопјанка изгоре во пожар кој самата го предизвикала

70 годишната М.А. од скопско Кадино вчера заработила тешки изгореници во пожар кој го предизвикале таа и нејзиниот сопруг.

Несреќата се случила вчера наутро околу 10: 30 часот, додека таа и нејзиниот сопруг работеле кај местото Трница. Според полицијата, тие потпалиле сува трева, но огнот веднаш се проширил и ја зафатил 70- годишната жена. 

М.А. со тешки изгореници била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“, каде била задржана на лекување.  

најчитано сега