Почина велешанецот кој се фрли од воз за да не стигне во Скопје

44 годишниот вечешанец М.А. кој пред три дена скокна од воз во Велес, утринава им подлегнал на повредите. Несреќниот велешанец пред 3 дена беше хоспитализиран на скопскиот Клинички центар, каде за жал не успеал да се избори за својот живот.

Пред три дена, двајцата велешани К.М. (21) и М.А. (44), отишле на велешката железничка станица за да фатат воз за Гевгелија, но, по грешка се качиле во воз кој сообраќал на релација Гевгелија - Скопје. Тие сфатиле дека направиле грешка, 50-тина метри од железничката станица и во паника скокнале од возот во движење. 

Двајцата велешани заработија потешки повреди и беа пренесени во велешката болнива, а потоа и во скопскиот Клинички центар.

ФОТО: Утрински

 

најчитано сега