Цените на угостителските услуги исти и во јуни и во мај

Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, останаа на исто ниво од претходниот месец.

Според податоците од Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во јуни 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, пораснале за 1,9 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-јуни 2013 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,9 отсто, додека во однос на декември 2012 година е зголемен за 0,7 проценти.