Со фолии криел дека одгледува марихуана во дворот - познат кумановски криминалец зад решетки

36 годишниот кумановчанец И.Ѓ. заработи кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Полицијата, на 3. јули, извршила претрес во домот на кумановчанецот при што се пронајдени и одземени вкупно 31 насад од растението „канабис сатива“. Одгледуваните насади се со височина од околу 1,5 метри, и истите биле заштитени односно сокриени со најлска фолија, за да не бидат видени од улицата.

Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, И.Ѓ. е познат сторител на повеќе кривични дела „тешка кражба” и „кражба” за што е и осудуван.

најчитано сега